Уникаха Малага израмни на 2-2 во полуфиналето од шпанскиот плејоф откако вечерва славеше на гостувањето кај Мурсија со 88-79.
Со тоа се избори за „мајсторка“ на домашен терен, но тоа не се покажа како голема предност во оваа серија бидејќи досегашните четири меча им припаднаа на гостинските екипи. Мурсија водеше со 2-0, а потоа Уникаха израмни на 2-2 со победи на гости што никогаш не се случило во историјата на шпанскиот плејоф. Меѓу другото, петтиот меч ќе биде прва „мајсторка“ во полуфинале од разигрувањето за титулата во АЦБ лигата по пауза од девет години.
Засега е јасно дека тој меч ќе биде историски за една од екипите. Ако победи Уникаха, ќе стане прв тим во постоењето на шпанското првенство кој поминал во следната фаза по негатива од 0-2, а ако триумфира Мурсија, првпат ќе заигра во финале.


