Двете сезони исполнети со успеси, прво со Телеком Бон, а сега и со Париз, придонесоа за Туомас Лисало да се заинтересираат не само голем број европски, туку и НБА екипи.
Најзагреан во моментов е Вашингтон Визардс кој сака да го донесе финскиот стручњак во својот стручен штаб, како асистент на Брајан Киф. Тимот од главниот град на САД имаше катастрофална сезона, со само 15 победи на 82 натпревари и се обидува да го зајакне составот на играчки и стручен план со цел да се крене од дното.
Меѓу другото, Исало би можел да биде корисен поради тоа што во Вашингтон има тројца млади европски кошаркари: израелскиот репрезентативец Дени Авдија, францускиот талент Билал Кулибали и поранешниот играч на Партизан, Тристан Вукчевиќ.
Ако одлучи да ја одбие оваа понуда, Исало секако ќе остане на клупата на Париз со кого идната сезона ќе дебитира во Евролигата.


