На шест дена пред стартот на подготовките, селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Боро Смилковски го скрати списокот на играчи кои ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство во Полска.
Отпаднаа шестмина кошаркари, а во текот на подготовките ќе отпаднат уште толку, пред новиот селектор да го дефинира составот од 12 играчи. На првиот тренинг нема да се појават: Ангел Стојанов, Матеј Николовски, Стефан Гоцевски, Лука Серафимовски, Мухамед Ќамиловски и Христијан Тодороски.
Подготовките за Европското првенство почнуваат на 10 јуни во Кале, а шампионатот во Полска е на програмата од 13 до 21 јули.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ – Работнички
Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
Рубин Стефанов – Pescara Basket
Алек Петкоски – Феникс 2010
Петар Бошалески – Работнички
Лука Димитриевски – МКК Куманово
Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски – Ангели
Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје
Петар Башоски – Blanca de Castilla
Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Павел Иванов – Кожув
Тома Стојаноски – Гостивар
Виктор Стојковски – Академија ФМП
Метин Саити – Работнички
Теодор Симиќ – Igokea


