Париз со пораз го почна својот прв настап во една финална серија откако на гостувањето кај Монако загуби со 80-90.
Бранителот на титулата беше апсолутно подобар и заслжено победи, а конечниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот. Во третата четвртина, предноста на Монако изнесуваше 23 поени, па во последните 10 минути Париз само успеа да се избори за пристоен пораз.
Без разлика на поразот, Ти Џеј Шортс одигра одличен натпревар и постигна 17 поени, 7 скока и 6 асистенции. Неговиот тим немаше одговор за фантастичниот Мајк Џејмс кој заврши со 31 постигнат поен.


