Откако минатата недела излегоа информации дека Барселона е заинтересирана за Димитрис Итудис, по официјалниот крај на сезоната за тимот, менаџментот се сврте кон други опции.
Прв пик сега е поранешниот тренер на Барса, Чави Пасквал кој летово е слободен агент откако го комплетира договорот со Зенит. Мундо Депортиво тврди дека веќе се иницирани почетни разговори, но тие не се движат во посакуваната насока бидејќи главен проблем се парите.
Каталонскиот стручњак бара 2 милиона евра нето по сезона, но Барса во моментов не е подготвена да даде толку пари за тренер. Можно е во следните денови да дојде до усогласување на ставовите и Пасквал да се врати на тренерската позиција. Тој веќе ја водеше Барселона од 2008 до 2016 година и под негово водство, екипата ја освои втората и досега последна титула во Евролигата, во 2010 година во Париз.
Покрај Пасквал, а во конкуренција за тренерската позиција во Барса се уште Јака Лаковиќ, Серџо Скариоло и Жоан Пењароја.


