Младиот српски репрезентативец Никола Топиќ има делумно скинат преден вкрстен лигамент на коленото, објави денеска неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.
Повредата е од дуелот против Партизан одигран во јануари годинава кога 18-годишниот кошаркар беше однесен во соблекувална со помош на лекарскиот тим. Тогаш беше најавено дека ќе отсуствува неколку недели, но паузата се пролонгира на три месеци за потоа младиот кошаркар да ја обнови повредата, повторно на меч против Партизан. Веста за неговата лоша здравствена состојба доаѓа на три недели пред НБА драфтот на кој се очекуваше да биде висок избран, веројатно во топ-5 пикови.
Засега е нејасно дали повредата ќе бара хируршки зафат или Топиќ ќе се лечи со друг вид терапија. Поради ваквиот развој на настаните, играчот на Црвена Звезда најверојатно нема да биде на располагање на српската репрезентација за Олимписките игри во Париз.


