По 11. пат во историјата, а прв по 2021 година, ЦСКА е шампион на ВТБ лигата откако во финалето го совлада Уникс со 4-1 и од него го презеде приматот во овој шампионат.
Во петтиот меч, на домашен терен, московскиот тим славеше со 66-55 во најнеефикасниот дуел во финалната серија. Клучно беше второто полувреме кое ЦСКА го доби со 32-17 и на тој начин да го сврти резултатот во своја корист, а и да стави крај на сезоната во ВТБ лигата.

Интересно е тоа што во финалето, Уникс не доби ниеден натпревар на домашен терен, а единствениот триумф го оствари во Москва, во четвртиот дуел. ЦСКА го најде рецептот за победа, го запре Ненад Димитријевиќ на само девет поени од кои пет од линијата за слободни фрлања, а без него Уникс не е ни половина екипа.
За МВП на финалната серија беше прогласен кошаркарот на ЦСКА, Мело Тримбл кој денеска постигна 10 поени.


