Навивачите на Партизан се одлучни во своето барање, нивниот тим да не се појави на терен без поддршка од трибините, дури и по цена службено да ја загубат финалната серија од КЛС.
Додека се очекуваше разврската од прекинот на вечерашниот натпревар, „Гробари“ ги собраа на куп играчите на Партизан и нивниот тренер Жељко Обрадовиќ и упатија моќна порака до трофејниот стручњак.
„Не можеме ние да изигруваме господа, ако тие тебе те навредуваат, ќе ги навредуваме и ние нив. Кога тие те прозиваат, никому ништо, а кога ние ги прозиваме, се празнат трибините. Немојте да играте без нас“, порачаа „Гробари“.
Последните најави се дека натпреварот ќе се доигра утре, но навивачите на Партизан бараат тимот да не се појави на терен.


