Лудилото што владее во српската кошарка и во Белград доби нови димензии откако во период од половина час дојде до целосен пресврт на ситуацијата на вториот натпревар од финалната серија во КЛС.
Официјалниот спикер во белградската Арена објави крај на натпреварот, телевизискиот пренос е прекинат, играчите на Партизан си заминаа дома, а оние на Црвена Звезда излегоа на терен да се загреваат за продолжение на мечот. Сега Партизан има 15 минути да се појави на теренот, во спротивно Звезда има право да бара службена победа, односно регистрирање на мечот со резултат 20-0 и титула.
Половина играчи на Партизан не се наоѓаат во Арена, туку си заминаа и прашање е дали ќе успеат навреме да се вратат. На теренот се и официјалните лица, судиите и делегатот на натпреврот.


