Големиот српски талент Никола Топиќ би можел да ја пропушти цела претстојна сезона во НБА лигата иако се уште му се прогнозира избор во топ-10 пикови на претстојниот драфт.
Играчот на Црвена Звезда е еден од најдобрите проспекти кои ќе е појават на драфтот, но неодамнешната дијагноза дека има делумно скинат лигамент на коленото создава неизвесност околу неговата иднина. Неодамна тој беше прогнозиран и како прв пик на драфтот, но поради повредата и долгата пауза што ја имаше во вториот дел од сезоната, како и тоа што не се знае што ќе се случува со него во иднина, во меѓувреме опадна интересот за него.
Повеќе информации на оваа тема ќе има во следните десетина дена кога точно ќе се знае дали Топиќ ќе биде во можност да игра или ќе паузира цела сезона. Евентуалното отсуство во годината по изборот на драфтот нема да биде новост во НБА бидејќи таков почеток имаа и Чет Холмгрен, Жоел Ембид, Мајкл Портер, Блејк Грифин…


