Испадот што го направи Бруно Кабокло со ненајавеното заминување во САД пред почетокот на финалната серија од српското првенство нема да има поголеми последици за бразилскиот репрезентативец.
Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ денеска потврди дека центарот ќе остане во тимот и идната сезона во која е врзан со договор, но ќе мора да плати парична казна поради недисциплина. Засега е непознато колку ќе изнесува казната и таа веројатно ќе биде во согласност со клупскиот правилник.
Кабокло дојде во Партизан во ноември минатата година во ситуација многу слична на пна што се случи на крајот од сезоната. Тогаш беше играч на Венеција, но не се појави на подготовките на овој тим и постојано избегнуваше да заигра за него.


