Рожер Гримау официјално ја напушта Барселона, по само една сезона на клупата на каталонскиот клуб.
Големо беше изненадувањето минатото лето кога управата одлучи да го постави за шеф на стручниот штаб, на местото на Шарунас Јасикевичиус, со оглед на тоа што немаше големо тренерско искуство. Гримау потпиша до 2025 година, но по една сезона, раскината е соработката со него.
„Барселона сака јавно да му се заблагодари на Гримау на професионализмот и посветеноста на чело на тимот и да му соопшти дека Палау Блауграна секогаш ќе биде негов дом. Тој заминува по 84 натпревари, со скор од 53 победи и 31 пораз во сите натпреварувања“, пишува во соопштението од Барселона.
Каталонските медиуми неколку дена пишуваат дека најсериозен кандидат за нов тренер на Барса е Чави Пасквал, а се спомнуваше и Димитрис Итудис.


