Дебитантската сезона во НБА не беше според желбите и плановите на Александар Везенков, па бугарскиот репрезентативец планира да си оди од Сакраменто.
Американските медиуми објавија дека Везенков го информирал менаџментот на Кингс дека не се враќа во тимот идната сезона, но неизвесно е каде ќе ја продолжи кариерата. Сакраменто има можност да го трејдува, но во моментов пореална е опцијата тој да се врати во Европа и да игра во Евролигата каде лани беше прогласен за МВП на сезоната.
Наводно, Олимпијакос ги разгледува сите варијанти да го врати во својот состав, а Везенков би бил огромно засилување за тимот од Пиреја. Во својата прва сезона во НБА, Бугарија одигра 42 натпревари со просек од 5,2 и 2,3 скока.


