Исклучително интересна ситуација се случи синоќа, пред вториот меч од финалната серија во НБА, меѓу Бостон и Далас.
Додека Лука Дончиќ го напушташе теренот, неколку деца го чекаа на излезот за да се фотографираат со него. Едно од нив ја заврши својата работа, а потоа почна да го провоцира.
„Селтикс ќе победат во четири меча (4-0). Селтикс во четири. Нула поени“, му викаше детето на Дончиќ.
Словенецот не обрна многу внимание на тоа, туку мирно замина кон соблекувалната што веројатно и му даде сила на детето да продолжи со провокациите.


