Еден од најуспешните колеџ тренери последните години Ден Харли ја одби понудата да седне на клупата на Лос Анџелес Лејкерс, соопштија американските медиуми.
Франшизата од Калифорнија му понудила шестгодишен договор за вкупно 70 милиони долари, но по неколкудневно размислување, Харли одлучил да не ја прифати оваа можност и седма сезона по ред да го води универзитетот Јукон со кого триумфираше во НЦАА претходните две години. Во 2022 година тој потпиша договор на шест сезони со Јукон за 32 милиона долари.
По ваквиот развој на настаните, се поизвесно е дека Џеј Џеј Редик ќе биде нов тренер на Лејкерс иако во конкуренција се уште е помошникот на Њу Орлеанс, Џејмс Борего.


