Слично како во Србија, искри има и во финалето од шампионатот на Грција каде играат најголемите ривали Панатинаикос и Олимпијакос.
ПАО вечерва намали на 1-2 во серијата, но по натпреварот дојде до мешаница на центарот на теренот. Во главна улога беа Матијас Лесор и Јанулис Ларенѕакис кои си разменија по една клоца и дополнително ја зовреа атмосферата.
Се вмешаа и другите кошаркари, малку недостасуваше да дојде до масовна тепачка, но сепак тоа не се случи.


