Екипата на Панатинаикос го врати брејкот и израмни на 2-2 во финалната серија од грчкото првенство откако вечерва како гостин во Пиреја славеше со 88-85.
Олимпијакос не ја искористи предноста на домашниот терен за да дојде до хет-трик во грчкиот шампионат и покрај тоа што во втората четвртина водеше и со 11 поени разлика. Со серија од 10-0 во третиот период, ПАО го презеде водството, а во последниот квартал направи и 11-1 за предност од 77-71 за потоа во драматичниот финиш да дојде до посакуваниот триумф.
„Мајсторката“ ќе се игра на теренот на Панатинаикос в петок навечер и тоа ќе биде можност овој тим, на трофејот од Евролигата да го додаде и оној од грчкото првенство.


