На десетина дена пред почетокот на подготовките за Олимписките игри, српската репрезентација ја снајдоа првите проблеми.
Кошаркарот на Мајами Хит, Никола Јовиќ денеска пристигна во Белград од САД, но дојде повреден, со „чизма“ на левата нога. Иако младиот крилен играч беше во добро расположение, нејасно е дали ќе може да заздрави навреме за да настапи на Олимписките игри на кои Србија својот прв натпревар го игра на 28 јули.
Јовиќ беше одличен на ланското Светско првенство на Далечниот исток со што се наметна кај селекторот Светислав Пешиќ. На неговата позиција, Србите ги имаат уште Дејан Давидовац, Филип Петрушев, Алексеј Покушевски и Владимир Лучиќ.


