Американскиот интернационалец Кендрик Нан даде своја жртва во победата и титулата на Панатинаикос оваа сезона.
Во решавачкиот дуел од финалната серија, тој остана без три заба по еден судир со противнички кошаркар. Дури и соиграчите по мечот се шегуваа на негова сметка што и на Нан му се допадна.

Тој имаше свој стандарден придонес во победата, постигна 13 поени, а во финишот, кога се одлучуваше победникот, погоди неколку слободни фрлања.


