Случајот меѓу Марио Хезоња и Барселона ќе се решава на суд, тврди денеска најтиражниот шпански спортски весник Марка.
Пред два дена, двете страни постигнаа договор за трансфер на хрватскиот кошаркар кој, наводно, се обврзал на четиригодишна верност кон Барса за вкупно 12 милиони евра. Сепак, во меѓувреме, во клубот се премислиле поради изјавите на Хезоња дека навивачите на Реал му дале огромна поддршка и секогаш биле со него, па му порачале дека преддоговорот не важи и дека тој е слободен да си бара нова средина.
Хезоња не го прифаќа тоа и со својот менаџерски тим подготвува тужба против Барселона. Од каталонскиот клуб тврдат дека преддоговор не постои и токму затоа се одлучиле да ги прекинат преговорите со хрватскиот кошаркар. Што се однесува до Хезоња, тој наводно има понуди и од НБА.


