Без никаква конкуренција, женската кадетска екипа на Вардар ја освои титулата во својата категорија и стана државен шампион.
Во полуфиналето, „црвено-црните“ беа подобри од Тим Арена со 91-37, а во денешното финале исто така лесно излегоа на крај со Бадел, совладувајќи го со 81-64. Победата на Вардар во ниеден момент не беше доведена во прашање бидејќи двоцифрена предност, тимот на Славица Наков имаше уште по првата четвртина (24-13), а највисоката изнесуваше 28 поени разлика. Бадел во ниеден момент не се најде во водство.
Јана Пислевска беше најдобар играч на финалето со 18 поени, 10 скока, 8 асистенции и 7 украдени топки (и 8 загубени) за индекс 26 како резултат на што го доби признанието за МВП на завршниот турнир.
Третото место и бронзениот медал ѝ припаднаа на Крива Паланка која во „малото финале“ ја победи Тим Арена со 48-43.


