Селекторот на У16 репрезентацијата на Македонија, Александар Јованчев денеска го објави поширокиот список на кошаркари за претстојното Европско првенство Б-дивизија.
На него има 27 имиња од кои ќе бидат избрани финалните 12 што ќе настапат на шампионатот. Подготовките стартуваат на 3 јули, а репрезентацијата ќе има пет недели да се вклопи и потоа да се избори за враќање во елитната конкуренција.
Европското првенство Б-дивизија во кадетска конкуренција ќе се одржи од 8 до 17 август во Скопје, а ќе учествуваат 22 репрезентации. Македонија се наоѓа во групата Д, заедно со Украина, Естонија, Шведска и Австрија.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Кирил Петковски-МКК Куманово
Горјан Јакимовски-МКК Куманово
Андреј Митков-Спортисимо
Мартин Мудинов-Охрид
Дамјан Илиевски-Вибас
Алексеј Нешовиќ-Работнички
Дино Беговски-Работнички
Александар Сотир-Работнички
Жарко Терзиевски-Вардар
Григориј Ѓорѓевиќ-Вардар
Дамјан Данев-Вардар
Дамјан Стојановски-Вардар
Филип Алексовски-Вардар
Иван Мијалов-Вардар
Павел Ѓиновски-Вардар
Љубен Ефтимовски-Игокеа – БиХ
Ѓорѓи Цветковски-Феникс 2010
Дамјан Стојановски-Феникс 2010
Филип Сребров-Водно Санс
Матеј Костов-Водно Санс
Христијан Миленковиќ-Водно Санс
Лука Пјевац-Водно Санс
Никола Костов-Водно Санс
Алмир Ештрефи-Чаир 2030
Матео Матевски – САД
Предраг Тасевски – Пелистер
Лео Созовски – Пелистер


