Неколку часа откако Партизан објави дека ја прекинува соработката со Кевин Пантер, преку социјалните мрежи се огласи американскиот интернационалец и досегашен капитен на „црно-белите“.
Во Белград тој помина три сезони во кои освои само еден трофеј, лани во АБА лигата, но учествуваше во ренесансата на поранешниот европски првак кој по долго време се врати во Евролигата. Писмото на Пантер кон навивачите и клубот е исклучително емотивно.
„Последните три години со Партизан беа голем предизвик и неверојатно возење, во чудесни и тешки моменти и благоарен сум на едно од најдобрите искуства во мојот живот. Се надевам на луѓето, особено на младите деца и кошаркари им бев инспирација и мотивација да бидат најдобра верзија на себе.
На соиграчите од претходните три сезони, ве сакам сите. На мојот стручен штаб, од првиот ден сте најдобри. На Гробарите, најдобри навивачи во светот, им благодарам за неверојатната поддршка. Партизан како клуб, фала ти што беше моја куќа овие три години, секогаш ќе ми бидеш во срцето. Тренеру Обрадовиќ, веруваше во мене и исклучително сум ти благодарен на нашиот однос и на тебе самиот“, напиша, меѓу другото, Пантер.
Многу веројатно, негов следен клуб во кариерата ќе биде Барселона која наскоро се очекува да го промовира во свој нов играч.


