По Кевин Пантер, Партизан деновиве може да остане без уште еден од носителите на играта претходните сезони.
Станува збор за Зек Ледеј кој е пред заминување од белградскиот клуб и враќање во Олимпија Милано каде играше порано. Бројни европски медиуми тврдат дека тој веќе потпишал двегодишен договор со италијанскиот првак и само прашање на време е кога тоа ќе биде официјално објавено.
Ледеј играше во Партизан од 2021 година, а претходно, една сезона помина токму во Олимпија Милано со која триумфираше во Купот на Италија.


