Бранителот на титулата Црвена Звезда ќе биде прв гостин на Дубаи во рамките на АБА лигата и прв противник на официјален натпревар на овој клуб.
Ждрепката за новата сезона во регионалното натпреварување одлучи белградскиот тим да се сретне со Дубаи во првото коло од новата сезона која ќе стартува на 21 септември. Клубот од Обединетите Арапски Емирати чиј тим е во формирање не можеше да добие подобар ривал за промоција пред своите навивачи.
Партизан во првото коло ќе го пречека Борац Чачак, а вториот дебитант во елитата Спартак ќе му гостува на Студентски Центар. Во првото коло има едно хрватско (Цибона-Задар) и едно црногорско дерби (Морнар-Будуќност).
Првото „вечно“ дерби во новата сезона, меѓу Партизан и Црвена Звезда ќе се игра во периодот меѓу 8 и 11 ноември. Основниот дел од сезоната во АБА лигата ќе трае до 4 мај, а веќе на 9 мај стартува плејофот. Поради зголемениот број екипи (16) од оваа сезона место 26, ќе се играат 30 кола.


