По сезоната во која не освои трофеј, Партизан максимално посветено го почна летниот преоден рок и го договори второто големо засилување.
По Вања Маринковиќ, црно-белите се засилија со данскиот репрезентативец Ифе Лундберг кој во Партизан оди од Виртус каде ги помина последните две сезони. Пред Виртус, тој играше за Феникс Санс, ЦСКА, Зјелона Гора, Гран Канарија, Манреса, Хорсенс и Копенхаген.
Со Партизан во моментов се поврзуваат уште неколку имиња, вклучувајќи и НБА кошаркари, но засега ништо од тоа не е официјално.


