Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ во интервју за телевизијата Н1 зборуваше за сите проблеми со кои се соочува неговиот клуб, како внатрешни, така и надворешни.
„Црно-белите“ ја завршија сезоната без трофеј, а од неговото доаѓање во 2021 година освоија само еден пехар и тоа во АБА лигата лани. Покрај тоа, Обрадовиќ е во серија од осум порази во дуелите со Црвена Звезда, но сепак одлучи да остане и да се обиде да го врати Партизан на шампионските патеки.
„Нека не победи Звезда и 25 пати по ред, не е проблем. Но, фактот што лани ние завршивме на шестото место во Евролигата, а тие на 11. зборува нешто. И оваа сезона имавме значителен број победи повеќе од нив. Нашиот пласман во Евролигата можепе да биде подобар, неколку натпревари против силни екипи загубивме на една топка.
По финалето од АБА лигата реков дека не очекува циркус во финалето од српското првенство и треба да се извинам за тоа. Кога бевме млади одевме во циркус за да се забавуваме, а она што се случуваше во финалето од КЛС беше трагикомично. Тешко е денес да се биде навивач на Партизан“, рече, меѓу другото, Обрадовиќ.
Партизан веќе тргна во реконструкција на тимот и донесе три големи засилувања за новата сезона во која ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Црвена Звезда и да избори пласман во плејофот од Евролигата.


