Кевин Пантер и Зек Ледеј официјално го напуштија Партизан, Нанели и Камински најверојатно нема да се вратат, а многу блиску да им се придружи е досега стандардниот играч на „црно-белите“ Ален Смаилагиќ.
Литвански медиуми тврдат дека тој е многу блиску до трансфер во Жалгирис кој испратил понуда за него и сака да го искористи фактот што 23-годишниот кошаркар е слободен бидејќи му истече договорот со Партизан. Во Жалгирис тој треба да ја пополни дупката која зад себе ја остави Роландс Шмитс со трансферот во Анадолу Ефес.
Смаилагиќ, како и Пантер и Ледеј, па и Жељко Обрадовиќ, во Партизан дојде во 2021 година од тимот на Голден Стејт Вориорс и во белградскиот клуб го потврди својот квалитет кој го однесе и до српската репрезентација.


