Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов ќе игра за Словенија во квалификациите за Олимписките игри.
Прегледите покажаа дека тој има повреди, но тие не се од таков карактер за да го спречат да ги брани боите на својата татковина. Денеска тој ѝ се приклучи на репрезентацијата во хотелот каде што претстојува, утре ќе тренира, но нема да биде во комбинација за настап за пријателскиот меч против Литванија во Стожице. Засега е нејасно кога би можел да заигра, дали тоа ќе биде на генералната проба против Бразил в петок или директно на квалификациите во Пиреја.
Селекторот Александер Секулиќ сега има на располагање 15 кошаркари, а финалните 12 ќе ги одреди непосредно пред заминувањето за Грција.


