Довчерашниот играч на Партизан, Зек Ледеј официјално се врати во Олимпија Милано и во следните две сезони ќе го носи дресот на актуелниот италијански шампион.
Минатата недела тој спогодбено го раскина договорот со белградскиот клуб и одлучи да се врати таму од каде дојде во Партизан пред три години.
„Ова е убав и среќен ден за мене. Сакам да кажам нешто кратко, едноставно и слатко – вистина е, се вратив“, порача Ледеј.
Тој е четврто засилување за Олимпија Милано за новата сезона, по нашиот Ненад Димитријевиќ, потоа Армони Брукс и Џош Нибо. Италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе дојдат уште Усмане Диоп, Леандро Болмаро и Габриеле Прочида. Се разбира, долг е списокот и на кошаркарите кои ќе си заминат или веќе си заминаа. На него се: Шабаз Нејпир, Били Берон, Девон Хол, Николо Мели, Јоханес Фојтман, Алекс Појтрес и Кајл Хајнс.


