Во еден ден, македонскиот шампион МЗТ Скопје остана без двајца од странците кои настапуваа минатата сезона.
Харис Делалиќ е пред потпис со поранешниот европски шампион Босна, а дел од тимот од Аеродром нема да биде ни центарот Душан Танасковиќ. Денеска тој официјално стана член на српскиот првологаш Мега и претстојната сезона ќе настапува во АБА лигата.
Со тоа, 23-годишниот кошаркар ќе се врати во татковината откако последните две години ги помина во БиХ, во екипите на Игокеа и Борац и потоа во МЗТ Скопје.


