Најпријатното изненадување од ланското Светско првенство, Летонија ќе има исклучително тешка задача да се пласира на Олимписките игри во Париз.
Како и на Мундијалот, во тимот нема да биде најдобриот играч Кристапс Порзингис кој неодамна со Бостон Селтикс ја освои титулата во НБА лигата. Сепак, во финишот од сезоната, како и во финалната серија, тој се мачеше со повреди кои има желба да ги санира во текот на летото и што поподготвен да го дочека новиот шампионат.
Лани без него Летонија го освои петтото место на Светското првенство, но сега ѝ е потребно да триумфира на турнирот чиј домаќин ќе биде, а како конкуренција ќе ги има Грузија, Филипини, Црна Гора, Бразил и Камерун.
Победникот од турнирот во Рига, на Олимписките игри ќе биде во групата со домаќинот Франција, светскиот првак Германија и Јапонија.


