Американскиот интернационалец Мајк Даум е нов играч на Црвена Звезда откако денеска потпиша договор на 1+1 сезона.
Станува збор за 28-годишен крилен центар кој целата своја професионална кариера ја помина во европската кошарка. Од 2019 до 2021 година играше за Обрадоиро, потоа две сезони во италијанската Дертона, а лани беше член на Анадолу Ефес.
На 11 натпревари во Евролигата, Даум просечно постигнуваше по 9 поени и 3 скока. Тој е четврто засилување за Црвена Звезда за новата сезона, по Урош Плавшиќ, Ајзеа Кенан и Никола Калиниќ.


