Еден ден по соопштението на менаџерот на Бруно Кабокло дека Бразилецот не се враќа во Белград, со одговор се јави Кошаркарскиот клуб Партизан кој демантира дека му должел пари на кошаркарот и му изрече жестока казна.
„Поради прекршоците кои ги направи, Партизан од Бруно Кабокло бара износ еквивалентен на пет месечни плати. Казната е изречена поради неисполнување на обврските од договорот, недоаѓање на тренинзи и натпревари, односно самоволно напуштање на тимот.
Во моментот на носење на овие одлуки, КК Партизан немал доспеани долгови кон Бруно Кабокло и има право да го задржи кошаркарот и за идната сезона и тоа право ќе го искористи“, напиша, меѓу другото, Партизан во своето соопштение.
Кабокло дојде во белградскиот клуб во ноември минатата година откако претходно сличен проблем имаше и во Венеција.


