Младинскиот репрезентативец на Франција и досегашен член на Бурж, Закари Ризаше е избран за прв пик на НБА драфтот што се одржа синоќа во Њујорк.
Крилниот играч кој има само 19 години е избран од Атланта Хоукс која првпат по пауза од 49 години имаше можност прва да бира. Ризаше имаше одлична сезона во тимот на Бурж и беше избран за најдобар млад играч во Еврокупот и во француското првенство. Интересно е тоа што во 2021 година тој настапуваше во Скопје како дел од кадетската репрезентација на Франција на Челинџерот на ФИБА кој тогаш, поради пандемијата со корона вирусот, беше замена за Европското првенство.

И вториот пик на годинашниот драфт е Французин кој играше со Ризаше во таа кадетска репрезентација, во Скопје. Станува збор за Алекс Сар кој долго време се водеше како главен фаворит за прв пик, но на крајот ја „загуби борбата“. Сар е избран од Вашингтон Визардс, а во НБА оди австралиското првенство каде настапуваше за тимот на Перт.
Ова е втора година по ред во која првиот пик на драфтот е Французин откако лани таа чест ја имаше Виктор Вембанјама, избор на Сан Антонио Спарс.
Во тол-5 пикови се уште Рид Шепард кој е избран од Хјустон, Стефон Касл од Сан Антонио и Рон Холанд од Детроит. Иако цела година му се предвидуваше место меѓу првите пет, најголемиот српски талент Никола Топиќ е избран како 12. пик од Оклахома Сити Тандер.


