Најголемиот српски талент Никола Топиќ беше избран како 12. пик на НБА драфтот, од Оклахома Сити Тандер, но претстојната сезона веројатно нема да дебитира во најсилната светска кошаркарска лига.
Тоа го изнесе генералниот менаџер на Тандер, Сем Прести кој го изнесе своето задоволство што имаше можност да го избере Топиќ иако бираше дури како 12.
„Возбудени сме поради Никола, ова е единствена ситуација во која дојдовме, да можеме да избереме играч од таков калибар. Сепак, нашите очекувања се дека тој најверојатно нема да игра претстојната сезона“, рече Прести.
Нејасно е која е причината за евентуалното неиграње на Топиќ, но најверојатно станува збор за повредата на коленото поради која не беше дел од Црвена Звезда во финишот од сезоната.


