Младиот француски кошаркар Закари Ризаше од октомври ќе ја почне својата НБА кариера, а со потписот за Атланта Хоукс ќе заработи мало богатство.
Селари капот во НБА за претстојната сезона е зголемен за 3,7% во однос на минатата, а според колективниот договор во лигата, на Ризаше му се загарантирани 57 милиони долари за четири години. Тоа е повеќе дури и од договорот што лани го потпиша Виктор Вембанјама (55,2 милиони) кој е еден од најголемите ѕвезди во НБА во моментов. Ризаше во просек ќе заработува над 14 милиони долари по сезона што е одлично за кошаркар кој неодамна наполни 19 години.
Пониските пикови на драфтот ќе имаат значително помали договори, но и тие не се за потценување. Никола Топиќ, кој беше избран како 12. пик ќе потпише договор за пет милиони долари по сезона, додека 30. избор, Бејлор Шајерман од Бостон ќе заработи 12,8 милиони за четири години.


