Дупката што се појави по заминувањето на Ненад Димитријевиќ, Уникс ќе се обиде да ја пополни со бразилскиот репрезентативец Јаго дос Сантос.
Бројни европски медиуми претходните два дена објвуваа информации дека Дос Сантос имал понуда од руски клуб, но денеска на површина излезе неговото име. Бразилецот, наводно, имал астрономска понуда да се пресели во Уникс и до крајот на оваа недела треба да даде конкретен одговор. Сепак, тука се прашува и Црвена Звезда бидејќи Јаго дос Сантос е под договор со АБА шампионот до 2026 година.
Во случај да не успее да го донесе бразилскиот плејмејкер, Уникс ќе се сврти кон други решенија, а прв фаворит е некогашниот играч на Анадолу Ефес, Брајт Котон кој последните сезони игра во Австралија, во тимот на Перт.


