Повремениот српски репрезентативец Ален Смаилагиќ од денеска официјално не е играч на Партизан, соопшти белградскиот клуб.
Од „црно-белите“, тој си заминува по три сезони поминати во екипата и е трет играч што летово си оди од оние кои во 2021 година ја почнаа ренесансата на Партизан. Пред него си заминаа уште Кевин Пантер и Зек Ледеј кои истото летото дојде во редовите на поранешниот европски шампион. Од Партизан си оди како слободен играч бидејќи со завршувањето на минатата сезона, истече и неговиот договор.
„По три сезони, нашиот Ален Смаилагиќ ќе го промени дресот. Еден од момците кои брзо ги освоија срцата на навивачите и беа дел од тимот кој ја врати титулата од регионалното натпреварување, по истекот на договорот го напушта клубот’, пишува во соопштението од Партизан.
Засега нема официјална информација каде Смаилагиќ ќе ја продолжи кариерата, но се знае дека за него имаше интерес од Жалгирис.


