Најтрофејниот литвански клуб Жалгирис го потврди трансферот на довчерашниот играч на Партизан, Ален Смаилагиќ.
Такво нешто се шпекулираше претходните недели, но денеска клубот од Каунас објави дека Смаилагиќ ќе биде негов играч откако потпиша договор на 1+1 сезона.
„По заминувањето на Роландс Смитс ни беше потребен висок човек како Ален. Може да го покрие рекетот, има добар шут од дистанца и дефинитивно е играч на кого може да се потпре тренерот“, изјави генералниот менаџер на Жалгирис, Гедиминас Навицкас.
Смаилагиќ беше играч на Партизан три години, но замина како слободен агент откако истече неговиот договор со белградскиот клуб.


