Бразилскиот репрезентативец Јаго дос Сантос нема да се пресели во тимот на Уникс бидејќи денеска не само што одлучи да остане во Црвена Звезда, туку го продолжи договорот со белградскиот клуб на уште една сезона или вкупно до 2027 година.
Тоа значи дека тимот од Казан не успеа да донесе засилување за плејмејкерската позиција која остана недоволно покриена поради заминувањето на Ненад Димитријевиќ во Олимпија Милано. Одлучи фактот што Звезда игра во Евролигата за разлика од Уникс кој, поради санкциите на руските клубови, настапуваат само во ВТБ лигата.
Јаго дос Сантос во неодамна завршената сезона имаше просек од 10,6 поени во АБА и 8,7 во Евролигата, но имаше огромен придонес во освојувањето на титулата во регионалното натпреварување каде беше прогласен за МВП на финалната серија.


