Иако пред само десетина дена играше финале од НБА лигата, Лука Дончиќ во ист ритам продолжи и во дресот на словенечката репрезентација.
Европскиот шампион од 2017 година се сретна со Бразил во пријателски натпревар во Љубљана, а суперѕвездата на Далас Маверикс беше на своето вообичаено ниво. Словенија славеше со 86-80 благодарение на 32. поени на Дончиќ кој потфрли само во шутот за тројка бидејќи реализира само два од вкупно осум обиди. За двојка погоди 9/11, а додаде уште 7 скока и 7 асистенции за 31 минута на теренот.
Покрај него се истакна уште Николиќ со 14 поени и новиот словенечки репрезентативец Џош Нибо кој постигна 10 поени и 4 скока. Во бразилската репрезентација, најдобар беше Бруно Кабокло со 19 поени и 7 скока, со 100% шут од игра (5/5 за два, 1/1 за три), а единственото промашување го забележа од линијата за слободни фрлања (6/7).
За двете репрезентации ова беше генерална проба пред олимписките квалификации кои стартуваат на 2 јули. Словенија е во групата во Пиреја каде прв противник ќе ѝ биде Хрватска, додека Бразил ќе се натпреварува во Рига и ќе стартува против Црна Гора.


