Полскиот репрезентативец Матеуш Понитка е последниот играч кој го потврди своето заминнување од Партизан.
Клубот се уште не се произнел на оваа тема, но искусниот крилен играч за српските медиуми потврди дека повеќе нема да го носи „црно-белиот“ дрес.
„Точно е, го напуштам Партизан“, изјави Понитка кој лани дојде од Панатинаикос, но не ги оправда очекувањата од него.
Полјакот е четврти кошаркар кој официјално го напушта Партизан ова лето, по Кевин Пантер, Зек ледеј и Ален Смаилагиќ. Многу веројатно во тимот нема да се вратат ни Камински и Доузер, како и Нанели, играчи за кои се чека официјална потврда.


