Новиот центар на Анадолу Ефес, Венсан Поарие нема да настапи на Олимписките игри во Париз поради повреда.
Доскорешниот играч на Реал Мадрид го повредил скочниот зглоб на еден од тренинзите на „триколорите“, а денешните прегледи покажале дека нема да може да заздрави до почетокот на Игрите.
„Во придружба на лекарскиот тим на француската репрезентација, Поарие беше на испитувања по што е потврдено дека мора да оди на рехабилитација и поради тоа нема да може да ги помине подготовките“, пишува во соопштението од Кошаркарската федерација на Франција.
Поарие не играше ни на ланското Светско првенство бидејќи предност пред него доби Матијас Лесор.


