Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум од денеска официјално е нов рекордер откако со актуелниот НБА шампион потпиша договор на 314 милиони долари за пет сезони.
Со тоа падна рекордот кој досега беше сопственост на Никола Јокиќ, а кој изнесуваше 276 милиони долари. Договорот на Тејтум ќе важи од 2025 година кога му истекува актуелниот, а продолжувањето на соработката доаѓа неполн месец откако со Селтикс ја освои шампионската титула.
Сепак, рекордот на Тејтум ќе трае кратко затоа што Лука Дончиќ неодамна ги исполни сите услови за нов супермакс договор кој ќе важи од 2026 година, а ќе изнесува над 346 милиони долари.


