Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид со кого се обврза на петгодишна верност.
Со тоа е ставен крај на шпекулациите кои кружеа од крајот на сезоната во шпанското првенство, а според кои искусниот крилен играч требаше да си замине од шпанската престолнина. Пред договор со него беше Барселона, но раководството на каталонскиот клуб, како и неколку кошаркари, му замерија на Хезоња на изјавите на љубов кон навивачите на Реал, дадени по освојувањето на шампионската титула во АЦБ лигата поради што преговорите пропаднаа.
Реал веќе го потврди продолжувањето на соработката со Хезоња, а Хрватот во моментов е со својата репрезентација на олимписките квалификации во Пиреја.


