Најтрофејниот македонски колектив Работнички ја пополни празнината на плејмејкерската позиција по заминувањето на Димитрик Трајс и Бобан Стајиќ.
Нов член на тимот од Градски парк е српскиот интернационалец Михаило Јовичиќ. Станува збор за 25-годишен кошаркар , висок 190 сантиметри кој како тинејџер бил во школата на Реал Мадрид. Оттаму заминал на 17-годишна возраст и тоа во тимот на Мега, но во петте сезони како член на овој тим, две поминал на позајмица во ОКК Београд. Играл уште и во Раднички, британската Каледонија и во Вршац од каде доаѓа во Работнички.
Јовичиќ е прво засилување за Работнички во пресрет на новата сезона во која клубот од Градски парк се враќа и на меѓународна сцена, преку настапот во АБА 2 лигата.


