Американскиот интернационалец со бугарски пасош Коди Милер Мекинтаер е петто засилување за Црвена Звезда во пресрет на новата сезона.
Најдобриот асистент во Евролигата минатата натпреварувачка кампања во Звезда се сели по фантастичната година во Басконија каде, меѓу другото, стана еден од ретките со трипл дабл на евролигашки меч, но и рекордер по бројот на додавања на еден натпревар – 20. Милер Мекинтаер има 30 години и богата интернационална кариера, а за љубителите на кошарката во Белград најинтересно е тоа што е поранешен играч на Партизан чиј дрес го носеше во сезоната 2020/21, но не издржа цела кампања, туку си замина на половина, на инсистирање на тогашниот тренер Сашо Филиповски.
Пред Милер Мекинтаер, Црвена Звезда се засили со Урош Плавшиќ, Ајзеа Кенан, Мајк Даум и Никола Калиниќ, а продолжени се договорите со Боломбој, Гиедраитис, Јаго дос Сантос, Теодосиќ и капитенот Лазиќ.


