Довчерашниот плејмејкер на Партизан, Пи Џеј Доузер неодамна официјално го напушти Партизан, а американските медиуми тврдат дека својата кариера ќе ја продолжи во НБА лигата.
Негов нов тим треба да биде Минесота Тимбервулфс кој последната сезона ја заврши во финалето на Западната конференција каде загуби од Далас. Доузер веќе има искуство во НБА лигата каде одигра вкупно 121 натпревар за Оклахома, Бостон, Денвер и Сакраменто. Во 2021 година доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото поради што го забави неговиот развој и го оневозможи да го покаже сиот свој потенцијал.
Со Минесота, Доузер потпиша договор на една сезона и ќе се обиде да му помогне на тимот да отиде чекор подалеку во плејофот.


