По процесот на реорганизација, ТФТ почна да го склопува тимот за новата сезона во која амбициите остануваат исти – пласман во горниот дел од табелата и борба за трофеите.
Клубот веќе го договори првото засилување, а како и претходните години, станува збор за странски кошаркар. Нов член на ТФТ е американскиот интернационалец Би Џеј Гринли кој ќе ги покрие позициите 1 и 2. Во Македонија доаѓа од Флорида Атлантик универзитетот со кого во 2023 година оствари сензационален пласман на завршниот турнир. Во полуфиналето Флорида Атлантик доживеа минимален пораз (71-72) од Сан Диего и испушти можност првпат во историјата да игра во мечот за титулата.
За четирите сезони во тимот на Оулс, Гринли имаше ефкт од 8,5 поени, 2,5 скока и 3 асистенции со шут за тројка од 40%. Преминот во ТФТ ќе биде негово прво искуство надвор од границите на САД.


